Утрински Весник
Спорт

Алонсо се загрева за Ф1, на првиот тест извозе 105 круга!

Алонсо се загрева за Ф1, на првиот тест извозе 105 круга!

Шпанецот Фернандо Алонсо заврши како првопласиран на своето прво тестирање во Формула 1, по цели 2 години.

Тој на постсезонските тестирање возеше Рено, и беше за десетинка побрз од времето на Даниел Рикардо поставено во Абу Даби. Алонсо беше за една десетинка послаб од времето на Естебан Окон кој следната сезона ќе му биде клупски колега.

За потсетување, Алонсо потпиша договор со францускиот конструктор, а Рикардо премина во Меклрен.

На тестирањето Алонсо имаше подобро време од тест возачите на Мерцедес – Ник де Врис и Стофел Вандорн.

Шпанскиот возач извозе вкупно 105 круга или околу 600 километри.

> Алонсо се загрева за Ф1, на првиот тест извозе 105 круга! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид