Утрински Весник
Спорт

Алонсо се договорил со Барселона?

Маркос Алонсо го известил Челси дека има желба да се пресели во Барселона. Договорот на шпанскиот репрезентативец со Челси истекува наредната година.

Трансфер експертот Фабрицио Романо, во понеделникот, објави на „Твитер“ дека Алонсо уште еднаш му потврдил на лондонскиот клуб дека сака да замине ова лето и дека е веќе да ги договорил сите услови со Барселона.

Барселона сега го чека одговорот на Челзи и цената што ќе ја побара англискиот клуб.

> Алонсо се договорил со Барселона? <

Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник