Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците: Апликациите за државјанство постари од пет години да добијат позитивен епилог

Алијанса за Албанците: Добрата желба на ЕК не може да ја среди самоуништувачката стратегија на СДСМ-ДУИ
Screenshot

Скопје, 19 февруари 2020 

Проблемот со негирање на државјанството е проблем што долги години ги придружуваше Албанците во Северна Македонија, а истиот тренд продолжува и денес.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Илјадници семејства кои законски ги исполнуваат сите услови за опремување со државјанство, сè уште не го стекнале ова право без никакво образложение од надлежните органи. Потсетуваме дека, токму ДУИ многу пати со своите досегашни партнери во владеење правеа измени во законот за државјанство со комплицирани процедури и честопати создавајќи екстремно тешки околности за лица без државјанство.

Во нашата земја државјанството се стекнува на два начина по потекло и природување, а во некои случаи и со раѓање на територијата на Северна Македонија.

Со оглед на второто, многу деца во земјава чии родители се без државјанство, за жал завршуваат исто така без државјанство иако законски родените деца од лица без државјанство се сметаат за македонски граѓани и имаат право да се регистрираат и да добијат уверение.

Алијанса за Албанците ќе побара од надлежните органи сите апликации за државјанство кои се постари од 5 години да добијат позитивен епилог.

Во една нормална земја, проблемот со без-државјанство се третира како многу важен проблем, но, за земја како Северна Македонија каде личните и партиските интереси ги надминуваат сите други интереси, ова прашање продолжува да се занемарува.

Алијанса за Албанците

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На полноќ Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Ќерим: Пораката на Сиљановска Давкова беше за мнозинството граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“