Утрински Весник
Магазин

Алиша Кис соработува со „Е.Л.Ф. бјути“ за „револуционарен“ лајфстајл-бренд

Алиша Кис соработува со „Е.Л.Ф. бјути“ за „револуционарен“ лајфстајл-бренд

Таа го прифаќа природното стареење на кожата уште од 2016 година, па дури и на сите церемонии на црвен тепих се појавува без грам шминка.

А сега Алиша Кис е подготвена да им помогне на другите да ја имаат истата убава и сјајна кожа како нејзината.

39-годишната музичка sвезда е во партнерство со „Е.Л.Ф. бјути“ за да лансираат „револиционерен лајфстајл-бренд кој ќе биде достапен за широките маси“, објави брендот во четвртокот.

Според соопштението за медиуми, линијата на хитмејкерот има за цел „да донесе ново значење на убавината со тоа што ќе го почитува ритуалот во секојдневниот живот, практикувајќи интенција во секоја акција“.

Пејачката вели дека соработката со Е.Л.Ф. создава нешто во кое верува.

„За мене убавината е за душата и срцето и духот и она што доаѓа преку тебе, излегува од тебе“, рече таа. „И тоа е повеќе од површина. Тоа е длабок разговор за тоа кои сме и кои сакаме да бидеме и каде одиме. Тоа е моја страст, моја длабока страст која траеше со години наназад “.

Новиот бренд официјално ќе биде претставен во 2021 година и се чини дека е фокусиран на кожата, имајќи предвид дека пејачката претежно беше без никаква шминка повеќе од четири години.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста