Утрински Весник
Спорт

Алиоски асистираше и му покажа на Меклин дека е кловн – Лидс го растурија Барнли

Алиоски асистираше и му покажа на Меклин дека е кловн – Лидс го растурија Барнли

Џани Алиоски одигра уште еден добар меч во англиската Премиер лига. Во дуелот од претпоследното коло, Лидс јунајтед како гости го декласираа Барнли со 4:0. Алиоски, асистираше во 60.минута за вториот гол, кој го постигна Херисон.

Лидс јунајтед, во интервал од 17.минути го скршија Барнил. Клих во 43.минута го постигна првиот гол, а дуелот практично беше решен по еден час игра кога Херисон зголеми на 2:0.

До крајот на натпреварот, два гола постигна Родриго во 78. и 79.минута.

Алиоски покрај со добрата игра, мечот го обележа и со гестикулацијата кон Двајт Меклин во 72.минута.

SofaScore графика за Топспорт.мк

Македонскиот репрезентативец на оригинален начин одговори на провокациите од страна на Меклин. Џани со својата реакција, на противничкиот фудбалер му покажа дека се однесува како кловн.



> Алиоски асистираше и му покажа на Меклин дека е кловн – Лидс го растурија Барнли <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија