Утрински Весник
Магазин

Алесандра Амброзио покажа фигура на топ модел во бикини

Алесандра Амброзио покажа фигура на топ модел во бикини

Таа е една од врвните светски супермодели со над 20 години искуство во модни кампањи, модни писти и насловни страници на списанија.

А во средата, Алесандра Амброзио ја изложи својата атлетска фигура додека позира во микро-бикини од сопствената линија „ГАЛ Флорипа“ на плажа.

Атрактивната Бразилка докажува дека сè уште останува активна и како модел и како деловна жена во неколку промотивни кадри за нејзиниот бренд костими за капење, GAL Floripa, кои ги сподели на официјалната Инстаграм-страница во средата.

Се чини дека 40-годишниот супермодел ужива во своето време на живописна плажа и  гламурозни кадри.

Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ изгледот го дополни со малку накит, а косата слободно ѝ паѓа по рамениците.

Можете да прочитате

Македонија има скапоцен минерал што светот го бара

Дневен хороскоп за 21 април 2026 година

Како да препознаете старо месо во супермаркет пред да го купите