Утрински Весник
Спорт

Алвеш му одговори на Меси: По мојата девојка, ти си ми најдобриот партнер

Алвеш му одговори на Меси: По мојата девојка, ти си ми најдобриот партнер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дани Алвеш му порача на Лионел Меси дека „може да го помине кога ќе посака“, откако неговиот поранешен соиграч од Барселона при прошталниот говор вчера ги спомена рекордните трофеи кои ги освоил Бразилецот.

38-годишниот Алвеш го освои олимпиското злато со Бразил во Токио, и Меси одговарајќи на прашање каде ќе ја продолжи кариерата, го спомена Бразилецот.

„Сакам последните години од кариерата да се борам за трофеи. Му честитам на Дани Алвеш, кој освои златен олимписки медал и му порачувам дека ќе се борам да го поминам. Тоа е мојот менталитет“, изјави Меси вчера.

Алвеш одговори на Инстаграм.

„Најголемиот на сите времиња, ти можеш да ме поминеш кога сакаш, тоа ќе биде само уште една асистенција за тебе. По мојата девојка, ти си ми најдобриот партнер. Благодарам за сите рабоит кои ни ги даде и што бев дел од твојата приказна. Каква чест беше да бидам присутен. Дон Лео Меси продолжи да создаваш историја каде и да одиш. Има еден луд човек кој ќе биде секогаш тука за тебе“, вели Алвеш, кој го освои 43. трофеј на Олимпијадата, додека Меси има 38 трофеи.

View this post on Instagram

A post shared by Dani Alves (@danialves)

> Алвеш му одговори на Меси: По мојата девојка, ти си ми најдобриот партнер <

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот