Утрински Весник
Свет

Албанија протерала руски дипломат зошто не ги почитувал мерките против коронавирусот

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанската влада протерала руски дипломат, поради наводно кршење на мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирус, пренесува албански „Топ ченел“.

Министерството за надворешни работи на Албанија му наредило на рускиот дипломат Алексеј Кривошев да ја напушти земјата за 72 часа, наведувајќи дека руската страна уште од април минатата година била предупредена во врска со однесувањето на овој дипломат.

„И покрај ветувањата, рускиот дипломат продолжи да ги крши мерките“, соопшти албанското Министерство за надворешни работи.

Во исто време, Министерството за надворешни работи изразило подготвеност да ја продолжи пријателската соработка со Русија, изразувајќи надеж дека Москва ќе ги разбере причините за оваа одлука.

„Албанската влада сака да ги зајакне пријателските односи со Руската Федерација и жали што добрата волја на обете страни е поткопана со повторените постапки на руските дипломати во Тирана“, се вели во соопштението на албанското МНР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови