Утрински Весник
Магазин

Актерот Мајкл К. Вилијамс пронајден мртов во својот дом

Актерот Мајкл К. Вилијамс пронајден мртов во својот дом
Dik 300x250 mk

Мајкл Кенет Вилијамс, кој го толкуваше ликот Омар Литл во хит серијата The Wire („Жица“), во понеделникот е пронајден мртов во својот стан во Њујорк, соопшти њујоршката полиција. Тој имаше 54 години.

Поручникот Џон Гримпел, портпарол на полицијата во Њујорк, изјави дека безживотното тело на Вилијамс било пронајдено во неговиот стан во Бруклин, по телефонски повик во 14 часот по локално време (18.00 часот по Гринич) до службата за итни случаи.

Вилијамс, кој доби номинација за „Еми“ во 2021 година за неговата улога во Lovecraft Country, исто така, стекна слава за улогата во серијата на „Ејч-би-о“ Boardwalk Empire.

Од полицијата соопштија дека во тек е истрага за смртта на Вилијамс и дека судско-медицинска обдукција во Њујорк ќе ја утврди причината за смртта подоцна.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство