Утрински Весник
Спорт

Ако не успеат со Влаховиќ, Јувентус имаат „план Б“

Ако не успеат со Влаховиќ, Јувентус имаат „план Б“

Душан Влаховиќ е примарната цел на Јувентус, кога се во прашање трансферите во зимскиот преоден рок. Колку и да се оптимисти во клубот, тешко дека трансферот ќе може да биде реализиран. Фиорентина нема намера да се откаже од најдобриот стрелец на половина од сезоната.

На Јувентус му е неопходно засилување во нападот, поради што имаат две опции, доколку не успеат да го донесат Влаховиќ.

Ентони Марсијал е пикот број 1. Планот на Јувентус е да го позајмат напаѓачот од Манчестер јунајтед до крајот на сезоната.

Втора опција, која од оваа перспектива делува најреално е Џанлука Скамака. Напаѓачот на Сасуоло игра во голема форма од почетокот на сезоната. И него Јуве го сака на позајмица, со можност да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.

> Ако не успеат со Влаховиќ, Јувентус имаат „план Б“ <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија