Утрински Весник
Македонија

Ако е можно уште денеска ќе биде сменет директорот на Центарот за јавно здравје, порача Филипче

Од 14-те новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир и по еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја демантираше изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери дека лично дејствувал во Комисијата за заразни болести за отворање на границите, и посочи дека ќе се консултира со правниците доколку во овој период може, директорот денеска да биде сменет.

– Ја прочитав изјавата. Апсолутно е невистина, Прво директорот Зибери не е член на Комисијата. Ова сметам дека е некаква предизборна реторика, и тоа евтина и лоша, и сметам дека ништо нема да добие директорот со оваа изјава, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека целиот изминат период Комисијата за заразни болести работи исклучиво врз основа на медицински индикатори, на медицината како наука, на епидемиологијата и ваква изјава, според него, не доликува на доктор. мс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено