Утрински Весник
Свет

Аеродромот во Кабул подготвен за работа

Аеродромот во Кабул подготвен за работа

Аеродромот во Кабул е речиси целосно подготвен за работа, но неговото отворање се планира постепено, изјави еден катарски функционер.

Тим од катарски експерти е задолжен за подготовка на аеродромот во Кабул.

Според „Ројтерс“, службеникот додал дека аеродромот е 90 проценти подготвен. Друг неименуван функционер им рекол на новинарите дека утре ќе се организира еден лет, како и дека денешниот лет од Кабул е редовен лет и дека не се работи за евакуација.

Можете да прочитате

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција