Утрински Весник
Магазин

Адел и Симон Конецки постигнаа договор за развод на бракот

Hqdefault

 

Британската пејачка Адел постигна договор со сопругот Симон Конецки за развод на брак со спогодба, речиси две години по нивното разделување.

„Ју-ес викли“ објави во четвртокот, дека пејачката (32) и Симон (46), извршен директор на добротворната организација Drop4Drop, во петокот на 15 јануари ги поднеле условите за развод од 171 милиони долари.

Иако Адел и Симон го завршија своето за да го финализираат разводот, бракот официјално нема да биде прекинат додека судијата не се потпише на документите.

Двајцата објавија дека ќе се разделат во април 2019 година, а Адел поднесе судски документи пет месеци подоцна. Тие се одлучија да користат медијација за да се прецизираат деталите за поделба на нивниот имот и долгови.

Британската поп сензација е една од најбогатите пејачки во својата земја. Нејзиниот раскошен глас и талентот ја сместија меѓу најценетите и најплатените светски музичари на денешнината.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик