Утрински Весник
Спорт

Агуеро утре ќе им се обраќа на навивачите – ќе ги закачи ли копачките?!

Агуеро утре ќе им се обраќа на навивачите – ќе ги закачи ли копачките?!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Челниците на Барселона објавија дека утре на јавноста ќе ѝ се обрати аргентинскиот фудбалски ас, Серхио Кун Агуеро. Шпекулациите се дека тој на 33-годишна возраст ќе објави крај на фудбалската кариера поради проблеми со срцето поради кои мораше предвреме да го заврши мечот со Алавес.

По тоа, Агуеро итно беше пренесен во болница, каде што му е дијагностицирана срцева аритмија.

Од Барселона потврдија дека за популарниот голгетер, кој најсилната фудбалска трага ја остави во Манчестер сити, се подготвува церемонија доколку реши да ги закачи копачките.

Агуеро летово од Сити се пресели во Барселона како слободен играч, а за каталонскиот клуб има само 5 настапи и 1 постигнат гол на ел класико против Реал Мадрид.

Во кариерата настапуваше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер сити и за Барселона. Одигра 663 меча и постигна 379 гола, надополнети со 118 асистенции.

> Агуеро утре ќе им се обраќа на навивачите – ќе ги закачи ли копачките?! <

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи