Утрински Весник
Спорт

Агуеро во среда ќе замине во пензија

Агуеро во среда ќе замине во пензија

Серхио Агуеро, во среда, ќе објави дека заминува во пензија. И покрај тоа што по ова прашање нема вести од клубот, ниту од фудбалерот, „Периодико“ пишува дека на оваа тема е закажана прес конференцијата.

На 33-годишниот Аргентинец, на 30.октомври му беше откриена срцева аритимија. Претходно тој побара измена во првото полувреме, на натпреварот со Алавес, поради проблеми со дишењето.

Оваа сезона е вистински кошмар за Агуеро. Тој во Барселона дојде за да игра со својот кум Лионел Меси, но не си ја исполни таа желба. Потоа имаше проблеми со повредите, а кога се врати на терените му се случија проблемите со срцето.

Серхио Агуеро за Барселона има одиграно пет натпревари, успеа да постигне еден гол. Аргентинецот е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити. За 10 години постигнал 260 голови во дресот на Сити.

> Агуеро во среда ќе замине во пензија <

Можете да прочитате

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен