Утрински Весник
Спорт

Агентот на Игало потврди дека Манчестер јунајтед е близу до продолжување на закупот на играчот до јануари

Агентот на Игало потврди дека Манчестер јунајтед е близу до продолжување на закупот на играчот до јануари

Манчестер, 1 јуни 2020 (МИА) – Ата Анеке, агент на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Одион Игало, кој е во сопственост на Шангај Шенхуа, зборуваше за ситуацијата со изнајмувањето на Нигериецот.

– Ние сме близу до договор за продолжување на закупот. Ова ќе значи дека Игало ќе остане во Манчестер јунајтед до јануари 2021 година, изјави агентот.

Според тековниот договор, закупот на Игало во англискиот клуб важи до 31 мај.

Претходно беше објавено дека Шангај смета на играчот пред почетокот на кинеската Супер лига. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја