Утрински Весник
Магазин

Автопортрет на Фрида Кало продаден за рекордни 34,9 милиони долари

Автопортрет на Фрида Кало продаден за рекордни 34,9 милиони долари

Автопортрет на мексиканската сликарка Фрида Кало е продаден во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари.

Тоа е највисоката цена платена на аукција за латиноамериканско уметничко дело.

Претходниот рекорд го држеше Диего Ривера, со кого Кало имаше повеќедецениска бурна врска. Негова слика беше продадена за 9,76 милиони долари во 2018 година.

Сликата на Кало „Диего и јас“ (Diego y yo) беше еден од нејзините последни автопортрети.

Делото ја прикажува расплакана Кало со нејзиниот сопруг Ривера насликан над нејзините очи.

На аукцијата во вторникот, „Сотби“ го опиша како „едно од најважните дела на Кало некогаш изложени на аукција“.

Можете да прочитате

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година