Утрински Весник
Македонија

Автомобил удрил во жена пешак и побегнал

Автомобил удрил во жена пешак и побегнал

Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена кога во неа удрил автомобил на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес.

Според информациите, несреќата се случила вчера попладне, а автомобилот побегнал по настанот.

Во несреќата А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Силен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќва и утре претпладне

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот