Утрински Весник
Свет

Автомобил се заби во група луѓе во Германија, две лица загинаа, возачот е уапсен

Автомобил се заби во група луѓе во Германија, две лица загинаа, возачот е уапсен

Најмалку две лица загинаа, а две се повредени во Лајпциг кога возач со автомобил влета во група луѓе.

Полицијата соопшти дека две лица загинале, а две се повредени. Сè уште не е целосно познато како дошло до несреќата. Полицијата и службите за итни случаи се на местото на настанот, пишува „Билд“.

Возачот е во притвор.

„Во моментов, се чини дека се работи за несреќен случај“, рече портпаролот на полицијата. Возачот (50) е во полициски притвор.

Властите ангажираа хеликоптер, а полицијата ја блокираше областа.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Немири во близина на Киев, нападнати полицајци и војници поради насилна мобилизација

Најнови анкети во САД: Демократите имаат предност од речиси девет поени

ИЕА: Европа се соочува со недостиг на гас