Утрински Весник
Македонија

Автомобил и мотор се судрија во Струга, тешко повреден мотоциклистот

Синоќа во полициската станица Струга било пријавено дека на улицата Партизанска во градот се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кимко“, управуван од Л.К.(31) од селото Велешта и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Р.Ш.(34) од селото Калишта, двете со струшки регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Притоа, како што соопшти МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршиле полициски екипи.

Можете да прочитате

Реакција на СДСМ на Антонио Милошоски

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки на ЕУ инстанци, не со Бугарија

Мицкоски: Жалам што бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, кога-тогаш таа и нејзиниот татко ќе одговараат