Утрински Весник
Македонија

Автомобил излета од пат кај Свети Николе – двајца загинати и еден повреден

Автомобил излета од пат кај Свети Николе – двајца загинати и еден повреден
Dik 300x250 mk

Две лица загинаа откако автомобил излета од патот кај Свети Николе. Во несреќата има тешко повредено уште едно лице.

Како што соопшти полицијата, утрово околу 02.45 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот.

Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на лице место. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

Левица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика додека Мицкоски се грижи само за коалиционите интереси

Локалните незавршени, а веќе „ѕиркаат“ предвремени парламентарни избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел