Утрински Весник
Македонија

Автомобил излета од автопат, повредени четири лица

Автомобил излета од автопат, повредени четири лица

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот „Пријателство“, во близина на надвозникот во селото Ржаничино, Скопско.

„Автомобил со велешки регистарски ознаки, управуван од И.М.(46) од Велес, излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница