Утрински Весник
Свет

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се заби во куќа.

Несреќата се случила во малиот град Сан Хозе Ел Гард, на околу 50 километри југозападно од Мексико Сити, откако му откажале сопирачките, соопштија властите.

Автобусот патувал од западната држава Мичоакано, до местото за аџилак Чалмо,  а сите патници биле аџии.

Мексиканскиот помошник секретар за безбедност Рикардо де ла Круз изјави дека ќе оди на местото на несреќата за да ги координира напорите за помош на повредените и поддршка на семејствата на жртвите.

Можете да прочитате

Истече рокот од 60 дена, но нема договор меѓу САД и Иран

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област