Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Автобусот што изгоре користел лиценца од друго возило на „Беса-транс“

Автобусот што изгоре користел лиценца од друго возило на „Беса-транс“
300x250 opst2

Опожарениот автобус кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека автобусот што изгоре користел лиценца од друго возило на „Беса-транс“.

„Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс. Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај“, велат од Министерството за транспорт и врски преку соопштение.

Оттука повторија дека за опожарениот автобус превозникот немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски претходно ја одзеде лиценцата на вршење на дејност на превозникот Беса-Транс.

Можете да прочитате

Касами: Тетово го најдов рушено – денеска поради мене има нов лик

Кочанчанец се заканувал на адвокати – кривично ќе одговара

79 годишен велешанец, прв македонец кој ќе носи алка наместо да лежи во затвор