Утрински Весник
Свет

Австрија ја запре вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“, се истражува смртта на едно лице

ВМРО-ДПМНЕ: Одложувањето на примопредавањето на вакцините е епска брука и неспособност

Австриските власти привремено ја прекинаа вакцинацијата со серија вакцини против Ковид-19 од „АстраЗенека“, додека во тек е истрага за смртта на едно лице и развој на белодробна емболија кај друго по вакцинирањето, објави австрискиот државен завод за здравствена безбедност (БАСГ).

БАСГ доби два извештаи поврзани со вакцини од „АстраЗенека“ од истата серија, а пациентите ја примиле на клиника во градот Цветл во провинцијата Долна Австрија, се вели во соопштението.

Според извештајот, 49-годишникот починал како резултат на тешко нарушување на коагулацијата на крвта, а 35-годишникот развил белодробна емболија, но се опоравува.

„Во моментов, нема докази за причинско-последична врска помеѓу овие состојби и вакцината“, се вели во соопштението на БАСГ.

Претставник од „АстраЗенека“ рекол дека компанијата е во контакт со австриските власти и дека ја поддржува истрагата.

Новинската агенција АПА потсетува дека вакцината била одобрена и од Европската агенција за лекови и од Светската здравствена организација врз основа на глобално клиничко испитување во кое учествувале 23.000 испитаници.

„Сите претходни проценки покажаа дека вакцината на ‘АстраЗенека’ е безбедна и ефикасна“, објави АПА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин и наложи на руската влада да ги обнови складовите оштетени во украинските напади

Секој Полјак, во просек, должи повеќе од 5.000 евра

Мета ги отфрла обвинувањата дека намерно предизвикувала зависност кај децата