Утрински Весник
Свет

Австрија усвои мерки против тероризмот, се воведува кривично дело „религиозно мотивирано злосторство“

Австрија усвои мерки против тероризмот, се воведува кривично дело „религиозно мотивирано злосторство“

Австрискиот парламент усвои пакет мерки против тероризмот, со кој се воведува кривичното дело „религиозно мотивирано злосторство“.

Овој пакет беше усвоен како реакција на терористичкиот напад во Виена во ноември, пренесуваат агенциите.

Десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) беше против пакетот мерки, бидејќи смета дека тој не е далекусежен.

Исто така од законот се оградија и претставниците на Социјалдемократската партија на Австрија (СЈО) и партијата Неос.

Законот ги заострува одредбите по условната слобода.

Така, во иднина, на лицето кое е на условна слобода ќе може со декрет да му се нареди да се дистанцира од претходното опкружување што придонело за радикализација, како што се радикални салафистички движења или џамии.

Исто така, ќе биде можно да се забрани работа во младински здруженија.

Како што пишуваат медиумите во регионот, се воведува и можност за надзор, така што оние кои се на условна слобода ќе бидат под целосна контрола.

Пакетот мерки предвидува и редовна анализа на однесувањето на лицето ослободено од притвор.

Муслиманските организации во Австрија го критикуваа пакетот мерки што беше усвоен, сметајќи го за личен напад врз нив.

Имено, овој пакет обврзува воспоставување список на имами, а истовремено законски ја обврзува верската заедница да направи список со сите свои институции.

Пакетот мерки забранува дополнителни симболи, пред се движења како што се Хезболах, Хизб ут-Тахрир и Кавкаскиот емират.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња