Утрински Весник
Свет

Австрија започна масовно тестирање на коронавирус, но се појавија ИТ-проблеми

Австрија започна масовно тестирање на коронавирус, но се појавија ИТ-проблеми

Во неколку австриски провинции денес започна масовно тестирање на населението за коронавирус.

Почетокот на тестирањето во провинциите Виена, Тирол и Форарлберг беше обележан со големи редици и ИТ-проблеми.

Во Тирол, на пример, луѓето кои имале негативен тест останале без потврда поради проблеми со компјутерскиот систем.

И во Виена, компјутерскиот систем постојано паѓал, па војската почнала да прави резервна копија на хартија.

Од најавата за масовно тестирање, властите се соочуваат со ИТ-проблеми.

Така, страницата за регистрација мораше да се отстрани од мрежата некое време, а во еден момент дојде до протекување на лични податоци на 800 лица.

Масовното тестирање се спроведува на доброволна основа и со брзи антиген-тестови.

Ако антиген-тестот е позитивен, лицето се испраќа на ПЦР-тестирање за да се потврдат резултатите.

Со масовно тестирање, австриската влада сака да го прекине синџирот на инфекција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд