Утрински Весник
Свет

Австрија ги олеснува условите за влез во земјата

Австрија ги олеснува условите за влез во земјата

Австрија ги олеснува условите за влез по два месеца рестрикции поради Ковид-19, па сите кои се вакцинирани и ја прележале болеста и оние со негативен тест за вирусот ќе може да влезат во земјата.

Во последните два месеца во Австрија можеа да влезат само вакцинирани, но важно за туристичката индустрија е да прими што повеќе гости во остатокот од зимската сезона, не само од Германија.

Од 5 март во Австрија се укинуваат речиси сите ограничувања освен носењето на маски FFP2 на некои јавни места. Исклучок е Виена, која засега делумно ги задржува мерките против коронавирусот во некои сектори, како што е угостителството.

Седумдневната инциденца од околу 2.200 случаи на 100.000 жители опаѓа, а состојбата во болниците, особено на интензивната нега, е стабилна.

Можете да прочитате

Масовен украински напад со дронови во Русија, сообраќајот запрен на мостот над реката Дон

Пропалестински активисти во Белгија уништија воена опрема наменета за Украина

Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија