Утрински Весник
Свет

Австралиски наставник педофил кој силувал ученици нема да оди во затвор поради прекумерната тежина

Австралиски наставник педофил кој силувал ученици нема да оди во затвор поради прекумерната тежина

Наставник педофил во Австралија која злоставувал ученици нема да оди во затвор поради неговата дебелина и транспортот до затворот, кој што државата би ја чинел до 40 илјади долари.

Питер Џон О`Нил (61) е во неговиот дом во Канбера, додека ја чека пресудата. Тој е во инвалидска количка, му треба целодневна нега и судот го прогласи за неспособен за патување.

Судијата рекол на претходното рочиште дека на О`Нил може да му се досуди само условна затворска казна, бидејќи ионака е константно во домашен притвор со оглед дека не може да се движи, пишува „Дејли Мејл“.

Неговиот адвокат рекол дека медицинскиот авион потребен за негов превоз, државата би ја чинел од 25 до 40 илјади долари.

И сега 61-годишниот педофил не може да издржува казна во затвор за злоделата кои ги извршил во Тасманија, нема пари да плати парична казна, а поради здравствената состојба не може да ја одработи казната за неплатена работа во заедницата.

Поранешна ученичка, која го напуштила училиштето во 1989 година, рекла дека О`Нил не бил само педофил, туку и физички и емоционално ги злоставувал своите ученици.

„ Ми рече дека сум дебела и глупава, дека никогаш нема да биде ништо од мене и дека никој нема да ме сака“ рекла таа.

О`Нил се изјаснил за виновен за шест точки од обвинението за сексуален напад и една точка за силување на малолетно лице. Осудата би требало да биде изрече на 25 август.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков