Утрински Весник
Македонија

АВМУ со осуда за заканите кон новинарска екипа на ТВ Клан

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги:На сите медиуми да им се овозможи еднаков пристап за известување

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во Кумановско и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

Агенцијата, стои во соопштението, во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа, подвлекуваат од АВМУ, треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци.

– Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија, се посочува во соопштението од Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги.цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Онколошките пациенти повторно предупредија: Недостигот на терапија не смее да стане правило

Полицијата санкционира 222 моторџии за само шест часа, 14 приведени поради безобѕирно возење