Утрински Весник
Економија

АВМУ разгледува мерки за олеснување на работата на радиодифузерите

СЕММ и ЗНМ апелираат за професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста

Скопје, 19 март 2020 (МИА) –  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги разгледува сет мерки со кои би се олеснила работата на радиодифузерите, имајќи ја предвид специфичната положба на медиумите во услови на прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, нивната општествено одговорна улога, како и можните последици врз нивното економско работење.

Мерките, чија цел е да овозможат непречено функционирање на радиодифузерите, Советот на Агенцијата ќе ги донесе на седницата што ќе се одржи следната среда.

Воедно, Агенцијата ги повикува радиодифузерите на медиумските работници да им ги обезбедат неопходните заштитни средства со цел безбедно извршување на нивната работа. мч/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4, а на бензините за 2 денара по литар

Започнува тестирање на системот за „е Фактура“, информираат од УЈП

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски без мерки – поскапо допрва доаѓа