Утрински Весник
Македонија

Авицена женската трка се одложува за 6 септември

Авицена женската трка се одложува за 6 септември
Img 5587

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Авицена Женската трка, која е симбол за подигнување на свеста за здрави навики и унапредување на здравјето, поради ситуацијата во земјата со корона вирусот, се одложува.

Како што информираат организаторите, првичниот датум за одржување на Авицена Женска трка организаторите го закажале на 5 април и се подготвувале ова да биде најдоброто издание на трката досега. Но, како што велат, поради заострувањата на мерките и препораките од страна на надлежните институции во врска со Коронавирусот, COVID-19, трката се одложува и се презакажува за 6 септември 2020.

300x250 (7)

Организаторите јавуваат дека сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некоја учесничка не може да учествува на тој датум ќе добие меил со инструкции за тоа кои опции ќе бидат во можност.

Пријавувањето останува отворено до 31 август 2020. Исто така, се уште останува можноста и за купување на dry-fit маицата со логото на трката. Со продажбата на маиците, 100 денари од секоја продадена маица одат за Интервентниот женски фонд на Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство. сст/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Скандалозно е што Битиќи им пишува на компаниите гласајте за СДСМ, затоа што ви даваме помош

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

Зајкова: Гласот ЗА Коалицијата за Европска Македонија е глас за зачување на темелите на државноста и демократските вредности