Утрински Весник
Македонија

Авионски, во четврток телата на загинатите во автобуската несреќа ќе бидат пренесени во Скопје

Авионски, во четврток телата на загинатите во автобуската несреќа  ќе бидат пренесени во Скопје
Ss2

По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, одговорен за трагедијата од 23 ноември, донесена е одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Република Бугарија додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3.12, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали а јавноста ќе биде информирана навремено“, напиша Османи на неговиот Фејсбук профил.

Img 5587
Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ