Утрински Весник
Свет

Авганистан ги отвори универзитетите, студентките влегуваат низ посебни врати

Авганистан ги отвори универзитетите, студентките влегуваат низ посебни врати

Јавните универзитети во Авганистан се отворени денеска за прв пат откако Талибанците ја презедоа власта во земјата минатата година, а од денеска и студентките им се придружија на своите колеги во студенските кампуси.

Администрацијата на Талибанците официјално не го објавила својот план за правото на образование на студентките, но претставниците од образованието неофицијално изјавиле дека и на жените им било дозволено да посетуваат настава под услов да бидат физички одвоени од момчињата.

Локални извори потврдиле дека во градот Џалалабад на истокот на земјата, студентки влегле преку посебна врата на Универзитетот Нангархар, еден од поголемите државни универзитети што се отвори оваа недела.

За време на нивното претходно владеење од 1996 до 2001 година, конзервативните исламистички талибанци им забрануваа на жените и девојките да учат.

Денеска, тврдат дека се смениле, но се уште не е јасно дали на девојчињата им е дозволено да се вратат на училиште во сите области, јавуваат агенциите.

Некои приватни универзитети се повторно отворени, но во многу случаи на студентките не им беше дозволено да се вратат за да посетуваат настава.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking