Утрински Весник
Спорт

АБА нема да продолжи, МЗТ Скопје останува во АБА 2

МЗТ во септември на турнир во Романија

Белград, 27 мај 2020 (МИА) – Регионалното кошаркарско натпреварување АБА лигата која во мерт беше прекината поради пандемијата на коронавирус нема да продолжи.

Оваа одлука е речиси сигурна, а останува само да се официјализира. Првенството завршува без прогласување шампион и без испаѓање.

Крај на сезоната е и во АБА 2 лигата каде се натпреваруваше македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. „Штрковите“ пред почетокот на плејофот беа на третотот место, а тоа значи дека и догодина ќе играат во АБА 2, бидејќи во најквалитетното друштво одат двете првопласирани екипи Борац Чачак и Сплит. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk