Утрински Весник
Свет

Абазовиќ: Западен Балкан може да стане нова Украина доколку остане надвор од ЕУ

Пред европарламентарците се обрати премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

– Не смееме да гледаме на Западен Балкан како на црна дупка во Европа. Ако останеме надвор од Европа, треба да знаете дека не е невозможно Западен Балкан за неколку години да стане новата Украина – рече Абазовиќ.

Абазовиќ рече дека Европа е во нова фаза поради руската агресија врз Украина и дека одлуките треба да се носат побрзо и попаметно.

– Мислам дека ова се историски моменти не само за Црна Гора туку и за цела Европа. По 24 февруари, почетокот на руската инвазија на Украина, светот е поинаков и повеќе од кога било луѓето во Црна Гора, регионот и Европа разбираат дека треба да бидеме заедно и да дадеме се од себе за да го завршиме нашиот дел од работата, а од друга страна европските институции го признаваат тоа – рече Абазовиќ.

Тој додаде дека црногорската влада е 100% проевропска, а Црна Гора 100% ја следи политиката на ЕУ.

– Се што се носи како одлука во ЕУ, Црна Гора следи, така ќе биде и во иднина. Сакаме да ги споделиме вредностите на Западот, тоа е одлуката на црногорскиот народ – истакна Абазовиќ,пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади