Утрински Весник
Македонија

Четврта рунда разговори на експерти од МНР на Македонија и Бугарија

Четврта рунда разговори на експерти од МНР на Македонија и Бугарија

Денеска во Софија се одржа четвртата рунда експертски разговори меѓу тимовите на министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, ангажирани во дијалогот по трн. пакет на политички прашања.

„ Средбата помина во конструктивна и отворена атмосфера. Беа разгледани последните предлози испратени минатата година од страна на Република Северна Македонија во одговор на предлозите на бугарската страна претставени на третиот круг експертски консултации кои се одржаа во септември 2021 година во Скопје. Тимовите на министерствата за надворешни работи го потврдија ангажманот за поддршка на активен дијалог насочен кон изнаоѓање на заемно прифатливи решенија за клучните теми од билатералната политичка агенда“ соопштија од МНР.

Одржувањето на денешната средба беше договорено меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска за време на одржувањето на заедничката меѓувладина седница на двете држави од 25 јануари 2022 година. Во духот на напорите за создавање на нова позитивна динамика, заемно беше изразена неопходноста за интензивно продолжување на разговорите за трн. пакет политички прашања, додаваат од МНР.

Следниот круг на експертски разговори ќе се одржат во најскоро време во Скопје.

Можете да прочитате

СДСМ: Итно владата да ги прифати предлог- законските решенија на СДСМ за запирање на кризата со цените

Грк се обидел да влезе во Македонија со лажна кипарска дозвола

Вработен во банка во Велес украл 4.000 евра од туѓа сметка