Утрински Весник
Свет
Img 7972

Хаос во Нов Зеланд – демонстрантите четврти ден го окупираа Велингтон, уапсени 120 лица

Хаос во Нов Зеланд – демонстрантите четврти ден го окупираа Велингтон, уапсени 120 лица
Dik 300x250 mk

Повеќе демонстранти од претходните денови повторно се собраа денеска пред зградата на Парламентот на Нов Зеланд во Велингтон, повикувајќи на укинување на задолжителната вакцинација против Ковид-19 и одбивајќи да ги прекинат протестите и покрај апсењата.

Полицијата вчера уапси 120 лица додека се обидуваше насилно да ги отстрани демонстрантите, иако немаше инциденти околу зградата, јавува агенцијата Ројтерс.

– Полицијата продолжува да го мери пристапот до демонстрантите, кои влегуваат на територијата на парламентот и неколкупати беа замолени да го напуштат – се вели во соопштението на погонот Кори Парнел.

Ова е четврти ден по ред како неколку илјади демонстранти, инспирирани од протестите на камионџиите во Канада, ги „окупираа“ тревниците во главниот град Велингтон и ги блокираа околните улици со своите камиони, автомобили, камперски комбиња и мотоцикли.

Повеќе шатори денеска беа поставени на тревникот околу зградата на парламентот, бидејќи се повеќе демонстранти пристигнуваа од целата земја.

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб