Утрински Весник
Македонија

Форум театарска претстава за превенирање на булингот кај средношколците

Форум театарска претстава за превенирање на булингот кај средношколците

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Како да се превенира меѓуврсничкото насилство и да се зголеми општествената свест за овој проблем беше главната идеја на денешната Форум театарска претстава организирана како дел од програмата за Мировно образование при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Во оваа театарска претстава учествуваа вкупно 22 средношколци, девет од училиштето „Кочо Рацин“ од Велес, четири од „Шаип Јусуф“ и девет ученици од „Никола Карев“ од Скопје.

Претставата беше организирана од тренери и професори, а учениците од реални ситуации споделија две сценарија за претставата, споделувајќи примери на однесување на соученици кои вршат насилство и избегнуваат одговорност.. За време на претставата, учениците од публиката се насочуваа кон изнаоѓање решенија на зададениот проблем.

Како што истакна денеска Ана Битољану од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ова е креативен начин на изразување на младите, кои по сопствена иницијатива ја реализираа претставата.

-Се трудиме да наоѓаме креативни начини на изразување на младите кои ќе придонесат кон општествени промени. Форум театар е ангажиран театар кој е осмислен и генерално од први почетоци сака да влијае на општествената промена, да влијае на работите околу нас кои што не ни се допаѓаат. Да не бидеме само пасивни набљудувачи, ниту они кои само ќе гледаат и ќе критикуваат, туку да се обидуваме да наоѓаме различни решенија за нештата што не мачат, рече Битољану.

Учениците кои учествуваа во претставата, како што појасни Ана, и претходно биле вклучени во некакви слични иницијативи што биле изведувани во рамките на Првата детска амбасада, токму поради нивно задоволство и интерес, а задачата на амбасадата е да најде средства и простор да им ги овозможи.

-Водителот на Форум театарот ги развива приказните и се што се случува заедно со сите учесници и учеснички. На нив е какво сценарио ќе изберат, која претстава ќе ја прикажат, во која насока ќе одат можните решенија и имаат голема автономност, и на тој начин овозможува една алатка секој млад човек да може да каже која е ако ме интересира, ова е еден од можните начини како можам да реагирам или како една ситуација може да се смени а да се намали насилството. Впрочем, пристапот на Детската амбасада е од сите можни страни да се адресираат проблемите кои што не мачат со сите можни средства кои ги имаме, додаде таа.

Фатмире Ајдари, дел од програмата за Мировното образование пред почнувањето на денешната претстава додаде дека форумот е алатка чија цел е да предизвика промени.

-Форум театар дојде како идеја од ученици и професори кои се приклучија за програмата за Мировно обраозвание, затоа што ја гледаат како алатка која може да придонесе за промени кај учениците за врсничкото насилство. Сметаме дека учениците најдобро знаат што им треба и како тоа подобро ќе се прима, затоа цело време е во соработуваме со нив. Тие си имаат обучувач кој ја следи нивната работа, но се земаат во предвид и нивните барања и нивните препораки, додаде Ајдари.бт/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист