Утрински Весник
Свет

Финска купува американски борбени авиони Ф-35

Финска купува американски борбени авиони Ф-35

Финска денеска потпиша договор за купување на десетици борбени авиони Ф-35 од САД, во време кога во Европа се зголемуваат тензиите меѓу Западот и Русија.

Финска потпиша договор со САД во вредност од 9,4 милијарди долари, за купување на 64 авиони „Локид Мартин Ф-35“ кои се „невидливи“ за радарите, а испораките ќе се реализираат во периодот 2026-2030 година, пренесува Ројтерс.

Финската влада соопшти дека одлуката за купување американски авиони, донесена во декември, е дел од долгорочните планови за зајакнување на одбраната на земјата, а не одговор на сегашната конфронтација меѓу Западот и Русија околу Украина.

„Тоа е дел од нашето долгорочно планирање и нема никаква врска со моменталната ситуација“, рече Мико Хаутала, амбасадор на Финска во Вашингтон, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години