Утрински Весник
Македонија

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче.

Tој апелира на почитување на мерките за заштита од ковид-19, за време на одморите.

„Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете!“, порачува министерот.

Филипче и синоќа на социјалните мрежи предупреди на изложеноста на опасностите за време на празничните денови, пишувајќи:  „Ти си на одмор, но вирусот не е“.

Објавите на министерот следат по информациите за зголемено присуство на народ на туристичките локации во земјава, по повод продолжениот викенд. На голем број снимки и фотографии кои беа објавени може да се забележи голем метеж на плажите и улиците, како и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ивановски: На Македонија и треба широк опозициски фронт

Хоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување  

„Платвормата 12:05“: Македонија старее, младите се иселуваат, политиката ги разочара граѓаните