Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести во Лондон против задолжителното носење на маски

(Видео) Протести во Лондон против задолжителното носење на маски
Ss2

Активисти излегоа на улиците во Лондон еден ден откако кабинетот на Велика Британија ги прошири своите упатства за задолжително носење на маски во борбата против пандемијата.

Голема група демонстранти се собраа во Хајд Парк во саботата, каде што говорниците настапија со осуда на владините мерки.

Img 5587

Носејќи плакати на кои пишуваше: „Запрете го новото нормално, спасете животи“, „Слобода е посилна од стравот“, „Маските се глупави“, демонстрантите потоа маршираа кон Даунинг стрит, застанувајќи и пред седиштето на Би-Би-Си.

Еден од демонстрантите изрази загриженост во врска со задолжителните правила за маските за лице.

„Порано работев како медицински брат во установа за ментално здравје. Една од работите што ги научив како студент е дека никој не треба да се присилува да носи нешто на телото без негова согласност“, рече тој.

Маските се задолжителни во продавниците и супермаркетите во Англија. Премиерот Борис Џонсон во петокот најави дека ќе бидат потребни маски во музеите, кината, уметничките галерии и местата за богослужба почнувајќи од 8 август.

Протести против маските се случуваа вчера и во Берлин, Германија.



Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Турција ги прекина трговските односи со Израел

Светската награда на УНЕСКО за слобода на медиумите за палестинските новинари