Утрински Весник
Свет

Трагедија на Мадагаскар – потона товарен брод, најмалку 64 лица загинаа

Трагедија на Мадагаскар – потона товарен брод, најмалку 64 лица загинаа

Најмалку 64 лица загинаа кога брод со нелегални патници потона кај североисточниот брег на Мадагаскар, а во тек е потрага по 24 исчезнати лица, соопшти денеска Агенцијата за поморска и речна навигација на АПМФ.

Во соопштението се наведува дека се пронајдени уште 50 преживеани патници, пренесува „Ројтерс“.

Товарниот брод, кој не бил овластен да превезува луѓе, бил преоптоварен и водата го поплавила моторот, соопшти АПМФ.

Бродот „Франција“ го напушти пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север рано утрото во понеделникот.

Бродот е регистриран како товарен, а не за превоз на патници, а Антанамбе не е официјално пристаниште, рече генералниот директор на АПМФ, Жан Едмонд Рандријантенен, додавајќи дека бродот очигледно потонал поради дупка во трупот низ која влегла вода.

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба