Утрински Весник
Економија

Сопственикот на „НИКОБ“ Кирил Лазаров добитник на признанието „Лидер за Југоисточна Европа“ за 2020 година

Сопственикопризнанието „Лидер за
Ss2

 

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз, одржан онлајн од 2 до 7 јуни.

Фестивалот „SEE à Paris“ традиционално се организира секоја година од страна на INALCO Paris-Cite-Sorbonne и Humboldt универзитетот од Берлин, во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима.

300x250 (7)

Признанието на Лазаров е за лидерство во економијата и развојот, во интеграцијата на балканските земји во поширокото европско семејство и претстаува круна на повеќегодишниот ангажман на младиот македонски бизнисмен во интензивирање и еманципација за новите технолошки стандарди, кои ги прават балканските институции компетитивни на светскиот пазар.

Наградата беше презентирана од Фредерик Фапани фон Лотринген од фондацијата „Ротшилд“ во име на Советот на фестивалот, а на посебна свеченост ќе му ја предаде претседателот на фестивалот, амбасадорот Јордан Плевнеш. мс/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница