Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба поради продажба на дрога бил осуден на затворска казна

СДСМ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба поради продажба на дрога бил осуден на затворска казна

Бобан Стефковски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е осудено лице и бивш затвореник, обвини Биљана Муиќ, портпаролка на СДСМ Гази Баба.

„Во 2002 година Стефковски е осуден на казна затвор од три месеци поради сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, односно продажба на дрога“, рече портпаролката која ја приложи и пресудата со која се потврдува кривичното дело на Стефковски.

Тоа што Стефковски пред десет дена извадил уверение и покрај тоа што ова народски се вика уверение за неосудуваност, всушност е уверение дека во моментот на издавање на уверението против лицето не се води кривична постапка, што не значи дека порано не бил осудуван, објасни Муиќ.

Според неа, ова е уште еден доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, односно дека тоа е, како што рече, истата криминално режимска матрица од времето на Никола Груевски.

Можете да прочитате

Пронајдена почината жена во дом во Шуто Оризари, се задушила во пожар

Уапсен старец од Свети Николе, го покажувал својот полов орган на малолетни момчиња

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас