Утрински Весник
Македонија

Рускиот амбасадор Баздникин во посета прилепскиот Институт за тутун

Рускиот амбасадор Баздникин во посета прилепскиот Институт за тутун

Прилеп, 26 јуни 2019 (/) – Се развива соработката меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и ова е една од можностите за проширување на соработката, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин при денешната посета на прилепскиот Институт за тутун и на Музејот за тутун.

Посетата на амбасадорот беше во рамките на манифестацијата „Отворено во  Музејот за тутун и Институтот за тутун во Прилеп“ и во рамките на одбележувањето на Денот на Руската Федерација, а во организација на Сојузот на Здруженија за руско-македонско пријателство“ од Македонија и на прилепското „Македонско-руско друштво“.

Причината за посетата е што во Музејот за тутун се наоѓа збирка од 54 слики на руски автори, кои за првпат денес беа презентирани во јавноста.

– Целта е јасна. Да се запознам со активностите на Институтот за тутун и кои се можностите за соработка помеѓу Институтот за тутун од Прилеп со надлежни руски институции. Се развива соработката помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и ова е една од можностите за проширување на соработката. Во лабараториите видов како се врши контролата на квалитетот на тутунот. Музејот на тутун е уникатен и со задоволство го посетувам. И, секако, интересно е да ги видам сликите на руските сликари кои се во Институтот. Можеби ќе направиме и изложба, изјави амбасадорот Баздникин.

Гордана Мицеска, директор на оваа научна институција рече дека Инситутот за тутун е една од најстарите институции во Македонија од областа на тутунската наука кој во декември ќе одбележи 95 години посгоење.

– Ја објаснивме дејноста на Институтот, организационата поставеност, акредитираните пет лабаратории на Институтот, извештаите кои ги даваат тие лабаратории за квалитетот на тутунот и на семенскиот материјал. Инситутот е регистрирана институција за производство на сертифициран семенски материјал и тутун, единствена во Македонија. Може да се најдат начини за соработка со соодветна институција од Русија и Институтот е отворен за тоа. Институтот е еден од основачите на светската организација „Кореста“ чија проблематика е тутунското растение. Во декември Институтот за тутун ќе одбележи 95 години постоење, рече Мицеска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека се продлабочува соработката помеѓу Руската Федерација и амбасадата со Прилеп на повеќе полиња и оваа посета на амбасадорот е потрда на тоа.

– Мило ми е што амбасадорот е по трет пат во посета на Прилеп. Досегашните средби ни дадоа за право да воспоставуваме односи на економски, културен образован план. Денешната средба е во Институтот за тутун, респектабилна и единствена таква инситутција која опстојува 95 години и успешно работи како научна установа. Соработката со Руската федерација и со Амбасадата продолжува, изјави Јованоски. ем/нд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра