Утрински Весник
Спорт

Расел Вестбрук, трипл-дабл машина

Расел Вестбрук, трипл-дабл машина

Расел Вестбрук го обележа еден од најефикасните натпревари оваа сезона, во кој Вашингтон Визардс забележаа победа над Индијана Пејсерс 154:141.

Дуелот со Индијана, Вестбрук го заврши со 14 поени, 21 скок и 24 асистенции. За Вестбрук ова е 178 трипл-дабл во кариерата, на врвот на вечната листа со 191 трил-дабл е Оскар Робертсон.

Вестбрук, четврти пат во кариерата, една сезона ќе заврши со трипл-дабл просек. Претходно тоа го направил само легендарниот Робертсон.

Весстбрук втор пат во кариерата одиграл натпревар на кој имал повеќе од 20 скокови и асистенции. Покрај бекот на Вашингтон, тоа му успеало само уште на Вилт Чембрлен во сезоната 1967/68.



> Расел Вестбрук, трипл-дабл машина <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија