Утрински Весник
Македонија

Казни за 103 возачи во Скопје, возеле над дозволената брзина

Казни за 103 возачи во Скопје, возеле над дозволената брзина

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 142 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина казнети биле 103 возачи, шестмина возеле без возачка дозвола.

Изречени биле и 21 казна за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од МВР.

Од таму потенцираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Гордоста се гради со дела – Јакимовски потсети на времињата на Панчев, Трстена и Стефановски

Вечерва Љупчо Николовски повикан на службен разговор во СВР Скопје

Меџити: Вреди сега е единствена партија на Албанците што ја има од Липково до Струга, Фетаи и Лимани се самоелиминираа