Утрински Весник
Економија

Просечната нето плата во април – 31.525 денари

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 31.525 денари. Таа е зголемена за 10,9 отсто во однос на април минатата година.

Од ДЗС информираат дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24,8 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,1 процент) и Административни и помошни услужни дејности (17 проценти).

Раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8,3 проценти), Градежништво (5,6 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (4,5 проценти).

Исплатена бруто-плата по вработен, пак, во април годинава изнесува 47.092 денари, што претставува 11 отсто зголемување во однос на бруто-платата во април лани.

Можете да прочитате

Меѓународен ден на еднакви плати, на глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите

Пад на продажбата на станови во вториот квартал, највисока цена за метар квадратен постигната во општина Центар

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија