Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, попладне со локален дожд

Променливо облачно, попладне  со локален дожд

Утрово во седум часот биле измерени 29 сантиметри снег на Маврови Анови, 20 сантиметри на Попова Шапка, 13 во Крушево, 8 во Пожаране, 7 во Лазарополе, 2 во Крива Паланка, Ѓуриште и Берово.

Најниска температура од -5 степени е измерена на Попова Шапка, -4 во Маврово -2 во Крушево, -1 во Kрива Паланка, Битола и Берово, 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, 1 во Прилеп, Тетово, и Претор, 2 во Дебар, Охрид, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Струмица и Куманово, 3 во Гевгелија, 4 во Демир Капија, и Дојран.

Денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне ќе има слаб локален дожд, на повисоките места и планините слаб снег.

Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Можете да прочитате

Обвинителство работи на неколку предмети за злоупотреби во ЕСМ и РЕК Битола

Коцевски: Приоритетите за корупција не се под влијание на Мицкоски или кој било друг

Андоновски: Потребно е системско решение за платите во јавната администрација, протестите не се решение